Општината ќе го решава проблемот кој го создаваат жители на дивата ромска населба „Тенеќе маало“
Општината, заедно со претставници од министерството за труд и социјална политика во наредниот период ќе излезе на терен за решавање на проблемот во дивата населба „Тенеќе маало“ во Кавадарци. Ова е заклучокот што го донесоа советниците на кавадаречкиот совет во рамки на 16-та седница, на која се разгледуваа програмите за работа на училиштата.
Проблемот со кој се соочуваат четири училишта, една градинка и интернатот, беше посочено на седницата датира од поодамна. Советниците во своите дискусии ги пренесоа реакциите и на жителите кои се во близина на дивата ромска населба. Често нивните домови биле мета на кражби од роми кои најверојатно не се жители на Кавадарци, туку привремено се сместени во дивата населба. Исто така биле напаѓани и деца додека оделе или се враќале од училиште.
Градоначалникот Митко Јанчев информираше дека на два пати бил извршен увид во дивата населба “Тенеки мале”. Триесетина проценти од луѓето таму немале лични карти.
Јанчев исто така предложи засилена полициска контрола во околината на дивата населба во Кавадарци./A.Д