Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

glasanje1kav

Сите гласачки места во тиквешките општини се отворени навреме и гласањето се одвива без проблеми.

Во Кавадарци се гласа на 59 избирачки места, а во единствениот избирачки список се запишани 32.217 лица со право на глас. Претседателот на Општинска изборна комисија, Зоран Костов потсети дека вчера гласаа 19 немоќни лица.

До 11 часот гласале 7,9% од вкупниот број запишани гласачи.

mitko glasanjeСвоето граѓанско право да гласа на референдумот го искористи и градоначалникот на Кавадарци и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев. Тој на гласачкото место излезе со сопругата.


Во Неготино, како што информираше  претседателката на Општинска изборна комисија, Нетка Веселинова, навреме се отворени 28 избирачки места, а своето право на глас можат да го остварат 15.894 избирачи. Во текот на вчерашниот ден своето право на глас го искористија 16 стари и болни лица.

Во Неготино до 11 часот својата граѓанска должност ја исполниле 8,17% од запишаните избирачи.

 Во Демир Капија се гласа на 11, а во Росоман на 10 избирачки места. Право на глас имаат 3.364 демиркапијци и 3.344 росоманци. Претседателите на општинските изборни комисии, Стојна Топчиева и Лазар Симоновиќ, потсетија дека вчера гласаа 23 немоќни лица од Демир Капија и 17 од Росоман.

Според информациите од ОИК, во Росоман до 11 часот гласале 5,23%, а во Демир Капија 9,34% од вкупниот број избирачи.

 

A.Д

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

PITIJADAVELES1

Најново