Откриен и лишен од слобода сторител на две кражби во Кавадарци
Објавено на 9 октомври, 2018 во 08:57
Непознат сторител, ноќта помеѓу 7 и 8 октомври, на улица „Методи Џунов – Џикот“ во Кавадарци изврши кражби од две товарни возила и три патнички возила и украде патнички автомобил марка „Југо“ со кавадаречки регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности од страна на униформираните полициски службеници од полициската станица од општа надлежност во Кавадарци рано утрото, вчера на 8 октомври, откриен е сторителот на двете кражби кај кого се пронајдени украдените предмети.
„Станува збор за лицето Б.О.(34) од Кавадарци кое полицијата го лишила од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава за сторените кривични дела,“ пишува во соопштението на Секторот за внатрешни работи Велес./У.Ј