Анѓушев ги слушна проблемите на тиквешките бизнисмени
Бизнисмените од Тиквешкиот регион денеска имаа двочасовна средба со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Разговараа за проблемите со кои се соочуваат во работењето, а им беа понудени владините програми со кои се помага економијата.
Анѓушев нагласи дека преку овие средби минатата година владата детектирала три главни предизвици за раст на македонската економија и тоа раст на конкурентноста на македонските компании на меѓународни пазари, намалување на административни постапки за бизнис секторот, како и обезбедување на квалитетен кадар за потребите на стопанството. Рече дека со програмите и мерките кои ги нуди владата ќе им се помогне на бизнисмените.
„Проблеми во економијата има многу и секогаш ќе има. Она што се обидовме да го направиме. Оваа година за прв пат направивме еден закон за финансиска државна помошка со која се опфатени македонските клокпани се опфатени. Првите 100тина компании веќе добија таква државна помош, односно добија договори а помошта ќе биде исплатена до крајот на годината. Тука има и кавадаречки компнии. Следната година ќе има повеќе средства за поддршка во фондот за иновативност и технолошки развој. Сите комапании кои ги задоиволуваат критериумите можат да добијат средства за подобрување на нивната технологија“ рече Анѓушев и нагласи дека идеата е компаниите да растат и да бидат конкурентни и надвор од Македонија, бидејќи многу е мал бројот на компании во земјава кои се извозно ориентирани.
„Она што јас се обидов да го направам в о владата, а имаше поддршка од премиерот и сите министри од економските ресори е да колку што може повеќе пари вратиме во економијата, не само да зимаме од економијата и да враќаме во социјалата, туку колку што може повеќе пари да вратиме во реалната економија за да помогнеме стопанството да се развива. Само реалната економија, приватното стопанство на долг рок е оддржливо“ нагласи вицепремиерот.
Тој информираше дека за поддршка на стопанството, Владата во 2018 година обезбеди рекордни средства од буџетот во висина од над 30 милиони евра, кои се реализираат преку неколку економски програми. Вицепремиерот се осврна и на Владините политики и програми со кои ќе се намалат административните процедури и ќе се влијае на намалување на невработеноста од една страна, како и обезбедување на квалитетен кадар за потребите на стопанството од друга страна.
За да се реши проблемот со потребите на кадар во компаниите, се планира на локално ниво да се детектираат сите невработени лица на ниво на општина, како и потребите за вработени во компаниите во општините, а потоа преку процес на преквалификација, да се обучат кадри за потребите на компаниите и да се намали невработеноста во државата“, нагласи Анѓушев./А.Д