Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

kucinja123

Кавадарчани се жалат на големиот број бездомни кучиња кои непречено се движат низ улиците во сите делови од градот. Во изминатиот период десетина граѓани пријавиле во полиција дека биле нападнати од куче скитник.

Од општината информираат дека работат на решавање на овој проблем. Досега биле заловени и соодветно третирани над 80 кучиња скитници.

„ По пријава на граѓани и при редовни контроли на терен за појавување на кучиња скитници се интервенира до ЈП Комуналец. Тие ја ангажираат ветеринрната станица Неготино и се излегува на терен да се соберат и згрижат кучињата скитници. Делумно од нив се кастрираат. Оние кои се заболени се применува метод на успивање на кучињата за да не се појави болест и кај луѓето. “ вели комуналниот инспектор Јованче Колев и нагласува дека од други градови се истоварале кучиња во Кавадарци.

И понатаму од општината алармираат дека добивале дојави од граѓани дека од други градови кучиња скитници се пуштаат во Кавадарци.

„Оваа појава е во континуитет од 5-6 месеци и постојано се провлекува. За на имаме анонимни пријави од граѓани дека доаѓаат возила од други градови во ноќните или утринските часови,  истовараат кучиња и заминуваат“ нагласува инспекторот

Од општината  апелираат ако се видат вакви животни да се фотографираат за да може да се поведе постапка, затоа што тоа е голем проблем и ако не се реши, ќе излезе дека кавадаречката локална самоуправа не работи на негово надминување.

Ташо Радњански, советник во Советот на општината, на една од седниците предложи  маркичките на веќе прегледаните кучиња скитници да не бидат со унифицирана жолта боја, туку да бидат со различна боја, за точно да се знае дали бездомниците потекнуваат од Кавадарци или се донесени од друго место.

Локалната самоуправа за работење на службата која ќе го решава проблемот со кучињата скитници прво одвои 300 илјади денари, а подоцна оваа сума беше дуплирана со одлука на советот.

Ангел Данов

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново