Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Tkives naslovna

Голем број љубители на виното од земјава и регионот, претставници на дипломатскиот кор, на институциите, на бизнис секторот и медиумите, јавни личности, како и соработници и пријатели на Винарската визба „Тиквеш“ имаа можност за првпат да го пробаат младото вино од годинешната берба која за „Тиквеш“ беше рекордна и изнесуваше над 28 милиони килограми грозје.

Традиционално, и на годинешниот, деветти по ред, Фестивал на младо вино, „Тиквеш“ ги претстави своите млади вина кои според првичните оценки на енолозите и присутните вински ентузијасти, се извонредни и имаат одличен потенцијал да освојат многу нови медали, признанија и високи оценки на реномирани светски вински натпревари и со тоа да го потврдат и надминат успехот од минатите години.

Покрај веќе докажаните вински ѕвезди, на годинешниот Фестивал, за првпат беше претставен и новитет во палетата врвни вина на „Тиквеш“. Тоа е црвеното вино од првата берба на грозје од сортата сира (Shiraz), кое пред четири години беше насадено на лозјата на локалитетот Лепово.

Следејќи ја определбата за општествено одговорно делување, „Тиквеш“ и оваа година им овозможи на сите посетители на Фестивалот да донираат средства кои ќе бидат искористени за поддршка на иницијативата на Здружението за хумано-општествен развој „Проект среќа“ и нивниот проект за основање на првото бесплатно училиште за музика и уметности наменето за деца од семејства изложени на социјален ризик. Конкретно, проектот наречен „Гитара, дирки и свирки“ ќе нуди бесплатни часови за децата кои потекнуваат од вакви семејства, за да можат да го искористат и доразвијат својот креативен потенцијал, талент и афинитети. За возврат, на сите посетители кои ќе донираат за ова хумана цел, „Тиквеш“ ќе им даде подарок – шише младо вино.

Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ е прв и единствен од ваков вид во нашата земја и има значајна улога во градењето на винската култура и создавањето сопствена традиција на евалуација на виното од последната берба, како што е случајот во многу други земји производители на вино.

 

SvetozarJanevski fin

Тиквеш“ оди интернационално – купи винарница во Франција

На годинешниот настан посветен на младото вино, претседателот на УО на „Тиквеш“, Светозар Јаневски, ја објави и веста дека „Тиквеш“ ја финализираше процедурата за аквизиција на француската винарница Chateau de Gourdon во областа Cote Du Rhone. Ваквиот исклучително значаен чекор е дел од развојната стратегија на најголемата македонска винарница за зацврстување на нејзината меѓународната позиција како производител на врвни вина.

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/03/2019 година.