Утре ќе се знае дали „Стефанс вајнари“ ќе оди во стечај
Лозарите кои својот род во 2015 година го продадоа во винарската визба„ Стефанс“ во Кавадарци сеуште не можат да си ги наплатат парите. Тие стравуваат дека доколку утре судот во Гостивар отвори стечај, тешко ќе можат да го наплатат своето побарување. Визбата им должи околу 850 илјади евра.
„Побарувањата се околу 850 илјади евра. Утре имаме рочиште во 10 часот во судот во Гостивар. Утре ќе знаеме дали винаријата ќе оди во стачај. Стравуваме дека ќе останеме без пари. Не знаеме колку должи. Може да се јави и друг доверител и може сликата комплет да се измени“ изјави за канал 77 Трајче Кулев, претседател на здружението „Напредни лозари“.
Златко Стојчев, лозар од селото Сопот, кој е меѓу најголемите производители на грозје поибарува околу 30 илјади евра. Вели, богат сум но само на хартија.
„Убеден сум дека во стечајната маса ќе има повеќе од 90% за исплата на лозарите. Ја поддржувам иницијативата на лозарите. Ќе се вклучам и лично за обезбедување на правна заштита лозарите да си наплатат од визбата“ рече пратеникот Панчо Минов.
Над 1 милион евра должи и неготинската винарија „Повардарие“ за грозје купено во 2015. Визбата очекува од државата околу 700 илјади евра по основ на ветени субвенции од минатата власт за откупено грозје. Дознаваме дека визбата планира да исплати дел од долгот кон лозарите токму со тие пари./A.Д