Едукацијата дава резултати за медиумска писменост на учениците
Првата група учесници во проектот „Читај меѓу редови“, од гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци, што го реализира фондацијата „Фокус“ од Велес денеска ја имаа првата работилница.
Учениците имаа можност да разгледуваат информации и да утврдат дали се тие вистинити или пак лажни вести. Исто така предложија и теми кои во наредниот период ќе се истражуваат и за истите ќе се подготват тв прилози.
– На оваа сесија учениците имаа можност низ практични примери да утврдат што е лажна, а што вистинска вест, да ги согледаат изворите во вести и кои се извори можат да бидат релевантни за една вистинска, релевантна вест. Учениците дадоа многу интересни предлози, тоа се всушност теми кои произвжлегуват од нивните потреби. Кажаа дека градскиот стадион треба да се доведе во подобра состојба. Исто така како тема го нафрлија учичното осветлување во споредните улици“ рече координаторот на проектот Даниела Саздова и додаде дека и во наредните две недели ќе се одржи едукативна работилница со останатите две групи.
Медиумски партнер на овој проект за Кавадарци е регионалнта КТВ. Дадовме поддршка со цел младите да се едуцираат и да не бидат манипулирани од честите објави на социјалните мрежи на т.н вести кои се лажни и создаваат дезинформирање пред се на младите.
– Како автор на двете информации кои ги разгледуваа учениците и детектираа дали се работи за вистинска или лажна вес, можам да констатирам дека со само една едукативна работилница, тие веќе можат да направат разлика. Детектираа дали има извори во веста и дали тие се релеванти“ рече новинарот и уредник во КТВ, Ангел Данов.