Возач на мопед во Кавадарци се здоби со тешки повреди во сообраќајка
Објавено на 29 ноември, 2018 во 10:44
На крстосницата на улиците „Слога“, „Киро Крстев“ и „Димче Мирчев“ во Кавадарци, во среда на 28 ноември, се случи сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Рено“ со кавадаречки регистарски ознаки управуван од Д.Р.(72) и мопед марка „Томос“ без регистарски броеви управуван од Б.О.(34) и двајцата од Кавадарци.
– Во незгодата е повреден возачот на мопедот кој со возило на Итна медицинска помош од Кавадарци е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, рече портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Увид на местото на настанот изврши екипа од Полициската станица од општа надлежност во Кавадарци./У.Ј