Фондацијата „Никола Јанчев“ донира прочистувачи на воздух за секоја училница во основните училишта во Кавадарци
120 прочистувачи на воздухот донира фондацијата „Никола Јанчев“ од Кавадарци. Прочистувачите ќе бидат распределени во секоја училница во основните училишта во Кавадарци.
Денеска понудената донација вредна 36 илјади евра беше едногласно прифатена од советот во рамки на деветата вонредна седница.
Прочистувачите ќе бидат распределени по училиштата на 19 декември, Свети Никола.
„Оваа донација е од општествен интерес и е во согласност со стратешката цел на фондацијата, а е тоа е организација на хуманитарни активности преку собирање средства и нивно насочување кон одредени сегменти во општеството кои се од интерес за пошироката јавност, како што се образование, животна средина и спорт како и едукација на млади во секоја област“ велат од фондацијата која го носи името на покојниот татко на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Градоначалникот на седницата давајќи обрзаложение за донацијата, нагласи дека со ова се обезбедуваат апарати за прочистување на воздухот во сите училници во основните училишта, а со донација од 50 прочистувачи од германска компанија која е увозник во Македонија ќе се покријат потребите и на средните училишта.
Градинките веќе скоро една година имаат прочистувачи на воздухот./А.Д