Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

donacija11

Околу 3500 основци од Кавадарци, најдоцна до понеделник во своите училници ќе имаат прочистувачи на воздух. Прочистувачите ги обезбеди фондацијата „Никола Јанчев“, а денеска директорката на компанијата „Кожувчанка“ и на фондацијата, Јанинка Чупаркоска ги додели прочистувачите на директорите на училиштата.

„Целта ни е хуманоста. Пред неколку месеци доделивме 36 стипендии на основци, средношколци и студенти.“ рече Чупаркоска и нагласи и дека и во иднина фондацијата ќе се води од нивната стратешка цел.

Фондацијата ги донира овие прочистувачи денеска, по повод верскиот празник Свети Никола. Вредноста на уредите е 36 илјади евра. Градоначлникот Митко Јанчев, кој присуствуваше на доделувањето, истакна дека најголем дел од средтвата за оваа донација се од неговата градоначалничка плата која што ја донира во фондацијата, но и средства од нивната компанија.

donacija22

 Фондацијата „Никола Јанчев „ е формирана во чест на прерано починатиот сопственик на  најпознатиот бренд во Македонија за производство на минерална вода Никола Јанчев, и основната цел на нејзинoто постоење е да вложува средства и опрема за младите луѓе со цел да се унапреди или подобри животот , работата и нивното образование.Во тоа засега успеваат и сета почит за Митко Јанчев и Јанинка Чупаркоска -син и ќерка на Никола, кои продолжуваат да ја развиваат „Кожувчанка„ -Кавадарци заедно со Синалко ,во најдобрите македонски производи .

Денешната средба покажа дека Фондацијата „Никола Јанчев“станува општествено одговорна кога се во прашање децата и младите, и е во склад со актуелностите поврзани со аеро загадувањето.Ним и на вработените во основните учиулишта им подари 120 прочистувачи за воздух во вредност од окилу 36.000 евра ,( за секоја училница посебно) со цел да се прочистува воздухот во просториите во кој учениците престојуваат неколку часа.

Директорите имаат обврска прочистувачите да ги стават во функција најдоцна до понеделник.

Од името на учениците и родителите благодарност за вредната донација упатија директорите на училиштата./A.Д

Поврзани вести

300x250 web banner Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 26/07/2019 година.