Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

48415068 2321730311384350 5613142653777477632 n

Општината Кавадарци спроведува активности за одржување и унапредување на системот за Јавно улично осветлување. Деновиве на повеќе локации во градот се изведуваше доградба на системот со нови столбови, сијалични места, како и замена и репарирање на постојното јавно осветлување.

„Серизно засилување на јавното осветлување се спроведе на градскиот плоштад. Два нови дрвени столба и исто толку ЛЕД светилки се вградени како надоградба на мрежата на улицата „Методи Џунов-Џико“ споредна ново пробиена улица. Интервенција имаше и на локацијата на улицата „Пионерска“ пред влезот во ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ каде се вградија три нови светилки. Зафат за вградување на еден столб и една светилка е извршен и на спојот на улицата „Методи Џунов-Џико“ со улицата „Киро Крстев“. Со ново јавно осветливање од 9 канделабри со лед светло се дополни паркингот кај социјалните згради“ информираат од општината и додаваат дека вакви зафати ќе се извршат и на јавното осветлување на улиците: „Борис Кидрич“, „Браќа Џунови“, ,,12 Другари“, „Диме Поп-Атанасов“, „Смаилица“ и на улицата „25 Мај“. Нови линии во мрежата ќе се изградат и на улицата „Шишка“ кај комплексот нови згради пред градскиот парк. 

Сите овие активности на општината се во функција на подобрување на јавното улично осветлување, а најголемиот дел се на барање на граѓаните. Со вакви активности општината на основната улична мрежа од јавното осветлување дополнително вгради над 200 нови светлечки места./А.Д

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/10/2019 година.