Снежна покривка над 90 сантиметри во подкожувските села
Селата од подкожувјето вчера и денеска се зафатени од интензивни снежни врнежи. Таму снежната покривка поминува и над 90 сантиметри. Зимската служба на Општина Кавадарци работи со полна пареа.
Измерена е снежна покривка од 90 сантиметри во с.Мрежичко и 60 сантиметри во Подкожувјето и Бошавијата.
Механизацијата работеше на расчистување на патот Бојанчиште – Куманичево и Конопиште – Лукар со што се пробива патот се со цел лесно движење и непрекинато водоснабдување од страна на ЈП Комуналец.
Две возила од „Македонија пат“ работеа на патот Кавадарци – Мушов гроб, а два големи трактори со нож и соларка интервенираа на патот Мушов гроб – Мајден и на патот Мајден – Рожден.
Уште две возила на зимската служба на Општина Кавадарци работат на пробивање на правците кон Михајлово, Страгово, Крњево, Боола, Бојанчиште, Граниково и Чемерско./А.Д