Бадникова поворка во Кавадарци
Објавено на 6 јануари, 2019 во 11:19
Од храмот Света Петка во Кавадарци денеска претпладне тргна бадниковата поворка, што годинава се организира по втор пат. Децата пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ поминаа низ центарот на градот и стигнаа до општинската зграда.
Таму ги пречека градоначалникот Митко Јанчев и им даде подароци.
„Бадник е голем христијански празник. Задоволство е да се види кога од млади години се почитува верата“ нагласи Јанчев.
Свештениците искажаа задоволство што и годинава интересот за учество во поворката кај најмладите бил голем./А.Д