Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn
49640377 2305316026154144 6359469710530052096 n
Сите улици и патишта во Кавадарци и Росоман се проодни по интензивните врнежи од снег.
Снежната покривка во Кавадарци, во градот е значително помала, споредено со ридско планинскиот дел каде има снежни наноси и до 1,5 метар.


Од општината информираат дека зимската служба активно дејствува и сите улици и патишта се проодни. Се апелира до граѓаните, доколку немаат поголема итност, да не патуваат кон селата од Бошавијата, бидејќи сообраќајот се одвива во зимски услови.

И од општина Росоман информираа дека утринава дејствувала службата за зимско одржување на улиците и патиштата и била расфрлана сол и ризла како на улиците во Росоман, така и на патните правци до Сирково, Камен Дол, Трстеник и Манастирец./ А.Д

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново