Џаламарите и годинава ги бркаа лошите духови
Ладното време не ги спречи џаламарите од тиквешките села да ја продолжат вековната традиција за прослава на Василица. Од синоќа се запалија василичарските огнови, а околу нив се играше џаламарско оро.
Со звуците на клопотариците се брака лошите духови од селата, како што останало верување.
Во селото Ресава џаламарската група денеска ги пречекуваше сите добро намерници кои доаѓаат во селото и добиваат подароци.
„Aко речам дека оваа традиција датира 100 или 200 години, можам да згрешам. Таа е уште од нашите дедовци, пра дедовци и еве ја проодлжуваме. Ако не се џаламарите, нема и ние да бидеме тука. Тие ги бркаат лошите духови и се што е лошо во селото“ вели Коце Кулев-Кујо од Ресава.
Невестата е главна во џаламарската процесија. Таа добива подароци, како од жителите во селото, така и од останатите кои доаѓаат овој ден во селото.
Џаламарите во Ресава и Бегниште денеска ги посети и претсеадателот на кавадаречкиот совет Ристо Сакалиев заедно со советници.
„Убава традиција, затоа и сме денеска овде. Kако што е редот ја дарував невестата со пари“ рече Сакалиев.
Џаламарите до попладне ќе бидат на огнот, а потоа ќе седнат на заедничка трпеза со собраните подароци од храна./А.Д