Едно лице повредено – автомобил излета во Луда Мара
Објавено на 17 јануари, 2019 во 21:49
Автомобил „Југо“ излета вечерва во коритото на реката Луда Мара, во близина на спомен куќата на Страшо Пинџур во Ваташа. Возачот на возилото се здобил со телесни повреди.
Од итната медицинска помош добивме информација дека едно лице е пренесено во кавадаречката болница со повреди на главата. Ќе се вршат дополнителни испитувања за неговата здравствена состојба.
На местото на незгодата беа видливи траги од подолго кочење, но најверојатно поради мраз на патот возилото изгубило контрола и паднало во реката.
Кавадаречката полиција изврши увид на местото на незгодата./А.Д