Водици масовно одбележан во Тиквешијата
По повод верскиот празник Богојавление – Водици во Кавадарци беше направен голем Богојавленски водосвет на водите на реката Луда Мара, каде присуствуваа голем број верници.
Седумнаесет годишниот Дарко Недев од Кавадарци денеска ја имаше среќата да го фати светиот крст. По светиот крст скокнаа дваесетина момчиња од Кавадарци, но Недев го послужи годинава среќата.
„За прв пат се фрлам по крстот. Многу сум среќен што успеав да го фатам. Поскаувам многу здравје на моето семејство и на сите пријатели“ рече Недев.
Од локалната самоуправа градоначалникот Митко Јанчев му дари тв приемник, а и годинава награда за најсреќниот имаше од аптеки Зегин.
На фрлањето на светиот крст во Луда Мара претходеше литургија во храмовите Свети Димитрија и Света Петка.
И годинава продолжи традицијата на голем Богојавленски водосвет во водите на брана Моклиште. И овде присуствуваа голем број верници од Ваташа и Кавадарци.
Најсреќен меѓу петте момчиња кои скокнаа во студените води беше 23 годишниот Иван Добринов од Ваташа.
„Седма година се фрлам по крстот. Прв пат го фаќам. Повеќе среќа следната година за помладите им оставам предност. Доста беше за мене. Здравје среќа и успех им посакувам на сите“ рече Добринов.
Подароци му беа врачени од локалната самоуправа и од спонзори на Богојавленската манифестација.
Во Росоман пак, дваесет и седумгодишниот Дарко Илов, по втор пат го фати светиот крст во Црна Река кај Росоман. Претходно, повеќе пати се обидувал да биде најбрз и да го фати крстот за верскиот празник Водици.
По светиот крст скокнаа триесет и тројца момчиња од Росоман. Најмладиот имаше 14 години. Најсреќниот доби икона од црквата, смарт телевизор од општината, како и други подароци од кумови на настанот и спонзори. /А.Д