Со „Ауди“ влетал во парфимерија во Неготино
Објавено на 21 јануари, 2019 во 12:18
23 годишен неготинец, управувајќи „Ауди А3“ влетал во излог од парфимерија во Неготино. Од полицијата информираа дека е причинета само материјална штета .
„Вчера окoлу 07.00 часот на улица „Маршал Тито“ во Неготино патнички автомобил „Ауди А3“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од С.С.(23) од Неготино, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во излог од парфимерија. Притоа, била направена само материјална штета, нема повредени лица.
Извршен е увид на местото на настанот“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољув Додевски./А.Д
Извршен е увид на местото на настанот“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољув Додевски./А.Д