Повреден пешак во Кавадарци
Триесет годишен кавадарчанец е повреден вчера попладне, откако во него удрил автомобил „Опел астра“ со кавадаречки ознаки. Исто така возилото удрило и во паркиран автомобил, потврдуваат од СВР Велес.
„Вчера околу 17.00 часот на ул. „Илинденска“ во Кавадарци се случи сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „Опел астра“ со кавадаречки регистарски броеви управуван од З.Р.(30) од Кавадарци удрил во пешак А.М.(30) од Кавадарци и во паркирано возило марка „Даеву ланос“ со кавадаречки регистарски броеви. Во незгодата е повреден пешакот кој по укажаната лекарска помош во Општата болница – Кавадарци е пуштен дома“ рече портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
На местото на незгодата увид извршила кавадаречката полиција. /А.Д