Повреден пешак и превртен камион на патот кон Кавадарци
Шеесет и шестгодишен Кавадарчанец се здобил со тешки повреди вчера по удар од патничко возило „лада” на пазарот во Кавадарци. Според СВР Велес возилото со кавадаречки таблички го управувал 46-годишен жител од населбата Глишиќ.
Повредениот бил задржан на лекување во Општата болница во Кавадарци. Извршен е увид на местото на настанот од страна на екипа на полициската станица од општа надлежност во Кавадарци.
Исто така попладнето во 18.30 часот на регионалниот пат Кавадарци – Мотел Дреново се случила и сообраќајна незгода во која товарно возило марка „Ман“, со кавадаречки регистарски броеви, управуван од триесет и две годишниот Б.Н.од Кавадарци удирил во транспортната лента за руда на комбинатот „Фени“ и се превртел на коловозот.
Во несреќата со телесна повреда се здобил возачот на камионот кој е задржан на во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци.
На местото на несреќата увид извршила екипа на полициската станица од општа надлежност во Кавадарци./У.Ј