Лозарите лути од политичките манипулации на опозицијата
„Крајно лицемерно е што Мицковски, лидер на партијата која дозволи винаријата Стефани дозволи да ги користи за политички поени сега глуми загриженост за лозарите. Ние најдобро знаеме кој не доведе до оваа ситуација. Ако тогашната власт вистински се грижеше за лозарите немаше да дојде до оваа ситуација. Пратеничката Весна Пемова, која гордо стои зад Мицковски со години збор нема кажано за лозарите. Нема да дозволиме вакви политички манипулации за лозарите“ вака реагираше претседателот на лозарското здружение, „Напредни лозари“ Трајче Кулев, на денешната прес конференција по вчерашната средба на дел од лозарите со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој упати благодарност до премиерот и министерот за земјоделство за постигнатото решение за исплата на грозјето од 2015 и 2016 година. Нагласи дека на утрешната средба со минисерот Николовски во Кавадарци ќе биде соопштен начинот како ќе се исплати долгот.
Од „Напредни лозари“ се децидни, ако не им се исплатат парите за грозјето до Свети Трифун, тие наместо на прослава ќе излезат на масовни протести и блокади.
„Работите почнаа да одат во добар правец и се надеваме дека МЗШВ ќе собере сили да ги реши проблемите. Ветено ни е дека до Свети Трифун ќе се исплати долгот, а со тоа сметаме дека ќе можеме да го славиме празникот. Доколку не се исплатат лозарите ќе направиме масовни протести“ рече Симон Лазоровски од здружението.
Тој апелираше до празникот на лозарите да се исплатат и субвенциите од државата. /A.Д