Поради големата трагедија откажани сите манифестации по повод Свети Трифун
Граѓаните на Тиквешијата сочувствуваат со семјествата на починатите и повредените во страшната сообраќајна несреќа која попладнево се случи на патот Скопје – Тетово.
Сите настани кои општините од Тиквешијата ги имаа планирано за одбележување на празникот на лозарите се откажуваат.
„Ова е голема трагедија за нашата земја, во овие тешки мигови не се опишува болката која ја предизвика оваа голема несреќа. Градоначалникот г-дин Митко Јанчев, Советниците од Совет на Општина Кавадарци и граѓаните на Општина Кавадарци изразуваат длабоко сочувство до семејствата на загинатите и брзо заздравување на повредените.Општина Кавадарци во целост ја откажува манифестацијата по повод празникот св.Трифун. Сите активности кои беа предвидени на Градскиот плоштад се откажуваат. Граѓаните на Општина Кавадарци може да присуствуваат на литургиите во храмовите и сомболичното закројување “ информираа вечерва од кабинетот на градоначалникот Јанчев.
И општина Неготино исто така ги откажа предвидените настани за празнување.
„Општина Неготино ги информира граѓаните дека поради трагичниот настан кој ја потресе цела држава и кој се случи вечерва кога во тешка сообраќајна несреќа голем број на луѓе ги загубија животите, се откажуваат сите планирани настани и активности по повод „Свети Трифун. Општина Неготино, градоначалникот Тони Делков и Советот на општината до семејствата на загинатите упатуваат сочуство за нивната огромна загуба“ напиша вечерва на својата фејсбук страна градоначалникот Делков./А.Д