Ќе се реновира детското одделение во кавадаречката болница
Педесет илјади евра, грант од јапонската влада доби Општа болница со проширена дејност Кавадарци. Грантот е наменски и со парите ќе се реконструира во целост детското одделение, а ќе се набави и медицинска опрема.
Тимот во болницата подолг период работеше на подоготвка на потребната апликација за овој проект. Договорот за донацијата е потпишан вчера во хотел Хилтон во Скопје. Договорот за донацијата го потпишаа директорот на болницата, д-р Диме Коцев и амбасадорката на Јапонија во Македонија, Кеико Хенеда, во присуство на министрите за здравство, образование и наука, за локална самоуправа и заменик министерот за труд и социјална политика.
„Со овој проект уште еднаш ја потврдуваме заложбата за подобрување на условите во нашата болница и зголемување на нивото на здравствена заштита, во овој случај на нашите најмили, нашите најмали пациенти“ изјави за КТВ, д-р Коцев./ А.Д