Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

ak1Сувото време и поволните услови овозможуваат да  се работи на повеќе позиции во Кавадарци, со што се  реализираат активностите од  програмата за комунална изградба.

 градинка

Општината и Јавната установа Детска градинка реализираат проекти за проширување на капацитетите на два објекти. Се доградуваат простории на објектот „Детелинка“ кај ООУ „Тошо Велков-Пепето“, а се доградува и на објектот „Снежана“ кај старатa Ваташка градинка. Во напорите за зголемување на опфатот на децата од предшколска возраст, општината изврши адаптација на објектот на новото училиште во село Марена, кое сега ќе има функција на градинка за децата од ова село.

            Продолжува изградбата на кејот во селото Ваташа, а во поодмината фаза е покривањето на делница од поројницата „Желков дол“ и изградбата на пристапни скали и шеталиштето во должина од 80 метри меѓу ул. „Страшо Пинџур“ и „4 Мај“.

            Општината спроведува и реализација на проект за изградба на „Зелен пазар“ во новиот центар на локацијата кај „Судската палата“ на булеварот „Никола Минчев“.

            Меѓу поголемите комунални зафати е и реконструкцијата на атмосферската канализација на улицата „Тиквешко востаниe“ и на плоштадот. Се работи и на поставување на фекална и атмосферска канализација на улицата „8 Септември“ кај ВВ „Тиквеш“ и плацот на „Градба промет“.

            Во активностите на комуналната изградба општината преку ЈП „Комуналец“ работи на реконструкција на водоводната мрежа на крак од улицата „Глигор Прличев“ над стрелиштето, потоа на преместување и дислокација на водоводна линија преку коритото на реката „Луда Мара“ кај пешачкиот мост до паркчето во село Ваташа, како и на поставување на нова пумпна станица за санитарна вода за селото Бојанчиште.

            Во фаза на реализација е и проектот за реконструкција на салата „Партизан“ каде се поставува нова ПВЦ столарија: врати и прозорци на делот од соблекувалните и службените простории на јужната страна од објектот.

            фасада зграда 1

Општината во соработка со „Хабитат“ и станарите од зградата 1 кај Агенцијата за вработување го реализира проектот за реновирање со изработка на термо фасада, ПВЦ столарија како  и реконструкција на покривот.

            Денеска започна и реализацијата на сообраќајниот проект за целосна реконструкција на инсталацијата и уредите на семафорите. Ќе бидат целосно обновени семафорите на раскрсниците кај Домот на култирата, „старата звтобуска“ и кај основното училиште „Гоце Делчев“.

            Се работи и на уредување на жардинерите пред хотелот, во рамките на реконструкцијата на градскиот плоштад, информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев./А.Д

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.