Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

20190228 220202Трет пожар денеска избувна во Кавадарци. Вечерва гореше ниско стеблеста шума и треба во месноста Љубаш.  Пожарот беше сериозна закана по белите дробови на Кавадарци, велат пожарникарите.

Според првичните проценки пожарот најверојатно е причинет од несовесен однос на поедини граѓани кои и понатаму палат остатоци по завршеното кроење на виновата лоза.

„Интервениравме со две противпожарни возила и пожарот е веќе локализиран. Постоеше сериозна закана пламенот да ја зафати боровата шума која е од големо значење за воздухот во Кавадарци“ велат од кавадаречката противпожарна единица.

На помош на пожарникарите од против пожарната единица им пристигнале и вработени во шумско стопанство „Бор“.

Од ТПЕ Кавадарци апелираат до сите граѓани кои деновиве се активни и вршат кроеење на лозјата да не ги палат прачките, бидејќи покрај што го загадуваат воздухот, со таквите огнови се сериозна закана за пожар, бидејќи веднаш по палењето ги напуштаат насадите и огнот не контролирано се шири.

А.Д

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.