Заев: Наскоро ќе се одржи лидерска средба
Објавено на 6 март, 2019 во 14:29
Премиерот Зоран Заев денеска од Кавадарци најави дека е подготвен за одржување на лидерска средба на која би се разговарало за СЈО, реформите но и останатите актуелни прашања во земјава.
„Секако, лидерска средба е време да одржиме едно заради реформите и реформските закони во собранието, второ заради претстојните претседателски избори кои доаѓаат пред нас и трета работа е вредно да се разговара било кое отворено прашање. Јас секогаш давам шанса на дијалогот. Дијалогот е од помош за нашата земја за сите отворени прашања. “ рече Заев и искажа оптимизам дека лидерска средба ќе се одржи наскоро, а терминот ќе го усогласат и со шефот на македонската опозиција. / А.Д