Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

izvor Lukar stara rekaГолем дел од Кавадарци и околината е без вода за пиење. Настанал дефект на главната водоводна линија на цевка Фи-450, потврдија од ЈП Комуналец.

„Се работи за довод за ниска и средна зона, што значи дека вода ќе има само во висока зона. Без вода се централното градско подрачје, но и селата Росоман, Марена и Глишиќ и дел од Ваташа“ информира Пандорка Димитриева Крстева, референт за односи со јавноста во ЈП Комуналец.

Екипи од водовод работеле на отстранување на дефектот. Очекувањата се дека водоснабдувањето ќе се нормализира до 22 часот вечерва./А.Д

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново