Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

54436532 2379100522313995 5570001197642809344 nДва мошне значајни проекти за подобрување на патната инфраструктура и безбедноста во сообраќајот се реализираат во Кавадарци.

Капиталниот сообраќајно-комунален проект за проширување на делница од транзитната улица „Западен булевар“ , велат од локалната самоуправа ќе донесе современа сообраќајница, на влезот во Кавадарци од страната кон Росоман.


„Станува збор за изградба на целосно нова делница со вкупна широчина од 16 метри каде се гради коловозна лента со широчина од 12 метри, како и тротоари од двете страни на улицата секој со широчина од 2 метри.
Со овој проект практично се продолжува проширувањето на оваа значајна сообраќајниц од постојното решение со истите димензии од „Новата бензинска“ сега во должина од 1 километар во правец на Росоман“ информираат од општината.

Од денеска започна да се реализира проект за изградба на кружен тек кај винарската визба „Тиквеш“.

54437065 2379098135647567 8869057073388716032 n

Овој четврти кружен тек во градот се наоѓа на раскрсницата на улиците „Западен булевар“ со ул. 8 „Септември“. Новото сообраќајно решение ќе зафаќа површина од 3000м2, а ќе биде согласно стандардите со комплетна сообраќајна и комунална инфраструктура на јавно улично осветлување и хорти културно уредување.
За реализација на овој капитален проект Општината Кавадарци ќе инвестира 17,5 милиони денари, пари од буџетот за комунална изградба, а градежните работи ги изведува оперативата на „Градба промет“./А.Д

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново