Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

shteti od izmrznuvanje kaj praskite

Ниските утрински температури направија штети кај праските и кајсиите во насади во Тиквешко. Од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Кавадарци велат дека засега нема штети кај виновата лоза.

„Кон крајот на минатата недела во Тиквешијата, поточно по течението на Луда Мара и Црна Река, ниските темпратури нанесоа сериозни штети во овоштарството, поточно кај праските и кајсиите. Штетите се и до сто отсто“ вели Драган Николов, советник во подрачната единица на Агенцијата.

Мрзнење на цветовите од овошни дрвца бележат и во неготинската подрачна единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. Штети биле регистрирани во овоштарници во селата Криволак и Пепелиште. Штетите се направени на температури од -2 степени, колку што се спуштила температурата во посочените реони.

Овоштарите стравуваат дека се уште постои опасност по овошните дрвца, бидејќи нивното искуство покажувало дека најмногу штети, речиси секоја година имале за време на верскиот празник Благовец./А.Д

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново