Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Stevo625 милиони евра директни странски инвестиции кога ја добивме поканата за НАТО, а со влезот во НАТО и ЕУ  ќе ни се отворат многу фондови. Со НАТО добиваме меѓународно безбедни граници. Сите не интересира подобар животен стандард. Да ги задржиме младите во земјава. Мојот избор ќе значи продолжување по овој успешен пат“ им порача меѓу другото вечерва од трибина на кавадарчани кандидатот за претседател, Стево Пендаровски.

Нагласи дека неговиот опонент од ВМРО-ДПМНЕ, има погрешен рецепт за државата, бидејќи ќе ги поништеле договорите со Грција и Бугарија. Според него, тие и неможеле подобро. Најави враќање на професионални кадри во дипломатијата.

„22 држави немаат во моментот амбасадори. Немаме амбасадор ниту во Вашингтон, во држава која не поддржува. Немаме амбасадор во НАТО. Иванов сите професионални кадри ги опструираше. Ако добијам доверба за многу кратко време ќе се решат сите тие проблеми“ вети Пендаровски и се осврна на решавањето на проблемот од актуелната влада кои го имаа лозарите со неплатеното грозје.

Тој додаде дека само ако се продолжи напред, државата може да осигура членство во ЕУ. Рече дека ќе му било големо задоволство ако стане претседател, прв указ што ќе го потпише да биде законот за јавно обвинителство. Вети неселективна правда за сите граѓани.

„Поделени, нема успех. Затоа подаваме рака. Една фабрика народ ни е државата“ – ваква порака за помирување упати вечерва премиерот Зоран Заев од трибината во Кавадарци. Тој говореше за сите досега спроведени политики, за кои рече дека до прва ќе даваат бенефит за граѓаните и државата.

zaev„Му понудив на Мицковски да влезе во владата и интеграциските чекори да ги одиме заедно, но тој одби. Се направија историски чекори. Со Мицковски не бива, како што не бива од кисело грозје убаво вино, или од опашина убава ракија“ рече Заев и ги потсети кавадарчани дека во Обединетите Нации е објавена личната карта на државата во која стои македонци и македонски јазик. Нагласи дека одлуката за овие избори е одлука дали државата ќе оди напред или ќе се врати во лошото минато.

„Не е се исто каков претседател ќе имаме. Ми требаше одговорен претседател како премиер  да даде ветер во грб за политиките, Иванов не покажа никаква одговорност, апсолутно ништо. Пендаровски е човек кој учел од Ќиро Глигоров, ги советувал Трајковски и Црвенковски и  учеше како не треба од Иванов. Се одлучивме за Стево затоа што ќе биде претседател на сите граѓани, дури и на граѓаните кои ќе гласаат за Силјановска“ рече Заев.

Бидејќи бил повикан од Мицковски да ги каже странските инвестиции, Заев во Кавадарци ги спомена 19-те директни странски инвестиции. Рече дека владата на ВМРО-ДПМНЕ трошела милиони евра за промоција на државата, но најдобрата година 2011 им била со половина помалку инвестиции.

Најави дека во наредниот период платите во земјава ќе растеле, ќе доаѓале нови инвестиции. Порача дека државата и сите граѓани заедно треба да чекорат во петта брзина напред.

СДСМ и кандидатот за претседател Стево Пендаровски, денеска одржаа трибини и во Градско, Росоман, Неготино и Демир Капија.

Ангел Данов

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново