Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

NikolaBertoliniЗемјоделството, екологијата и туризмот се во фокусот на проектите кои можат да добијат поддршка од Европската Унија. Над 70 милиони евра досега се доделени од ЕУ за проекти во регионот, токму во овие сектори,  рече меѓу другото во изјава за медиумите Никола Бертолини, раководител за соработка при делегацијата на Европската Унија.

Во земјава околу 950 проекти се поддржани од евроспките фондови  за инвестиции во земјоделството, преработката и руралната преобразба.

„Кавадарци е општина во која пред се населението се занимава со земјоделско производство и туризам и има проекти во таа насока. Очекуваме тие проекти да се подобрат и да ги има многу повеќе во иднина. Цело време како најголем приоритет ја нагласуваме и и даваме акцент на заштитата на животната средина, нејзиното чистење. Во таа насока, ќе бидат поддржани голем број на проекти“рече Бертолини кој во Кавадарци ги советуваше претставниците од општините во Вардарскиот регион за механизмите на финансиска поддршка на ЕУ.

Бертолини информира и за најчестите проблеми со кои се сретнува невладиниот сектор при аплицирањето со проекти.

Во тек се 395 проекти на ЕУ во вкупен износ од 359 милиони евра, од кои 41% од проектите во општините, а 4% во граѓанскиот сектор. Со пари од ЕУ фондовите се изградени повеќе од 100 км автопатишта, 64км патишта во повеќе од 40 опшптини и 60 населени места, 16 км железнички пруги, 11 железнички станици и 18 мостови.

На денешната работилница во Кавадарци локалните власти од општините во регионот, граѓанските организации, асоцијации, земјоделци и бизнисмени имаа можност да се запознаат со актуелните можности за финансирање на проекти на локално ниво.

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново