(ВИДЕО) Аерозагадувањето во Кавадарци на високо ниво
Објавено на 20 април, 2019 во 13:44
Не престануваат жалбите на Кавадарчани од загадениот воздух во градот. Тие се жалат дека смогот им ги пече очите и им го отежнува дишењето. На тимот на „Читај и меѓу редови“ му соопштија дека состојбата е алармантна, особено во попладневните часови, кога густиот бел облак се спушта ниско над градот. Кавадарчани бараат од надлежните институции под итно да преземат конкретни мерки.
{vembed Y=g4D14aYO-vI}
Телевизискиот прилог на тема „Аерозагадување на Кавадарци“, емитуван во вестите на Телевизија КТВ го подготвија учениците од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ вклучени во проектот „Читај меѓу редови“.