Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

DSC 0005По најавите од УХМР за обилни врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме, седници одржаа кризните штабови на Кавадарци и Неготино.

Кризниот штаб на општина Кавадарци ги распредели обврските помеѓу надлежните институции. На седницата на која присуствуваа и претставници на Полициската станица од Општа надлежност Кавадарци, Регионалната противпожарната единица Кавадарци, ЈП „Комуналец“ и општината беа земени предвид сите потенцијални ризици, ресурсите кои можат да бидат мобилизирани, механизацијата која може да биде ставена во функција за расчистување и справување со евентуалните последици.

DSC 0003

 Од седницата произлегоа и низа заклучоци во правец на превентивно делување како и конкретни дејствија на надлежните кои би се реализирале по евентуалното невреме. Контактирани се и сите градежни фирми за ставање во функција на нивната механизација.

 До граѓаните се апелира да не ги паркираат возилата на главните улици, за да се обезбеди простор за брза и ефикасна интервенција на надлежните. Да ги остранат возилата од под дрворедите како не би дошло до нивно оштетување. Се апелира и до жителите за време на непогодата да не се движат непотребно, да ги избегнуваат водените површини, како и да бидат подготвени за вклучување во евентуални акции.

DSC 0006

 Согласно добиените известувања од Управата за Хидрометеоролошки работи, ги информираме граѓаните на Општина Кавадарци дека од денес попладне следи дестабилизација на времето проследена со врнежи од дожд проследен со електрични празнења во форма на невреме како и засилен ветер од југоисточен правец. Оваа дестабилизација се очекува да биде поинтензивна денеска попладне и во утрешниот ден, додека во наредните денови врнежите би биле со поумерен интензитет.

Во Кавадарци  се очекува да наврнат од 30 до 50 литри на м2, и да дува ветер со брзина до 30 k/h. Со оглед на тоа се информираат и предупредуваат граѓаните во случај на невреме да бидат крајно внимателни да избегнуваат засолнување под стебла.

Во случај на поплави и излевање на шахти граѓаните да се обратат на дежурните телефони на општинската служба „Мој општинар“./А.Д

         

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново