Стратегијата за концептот едно општество претставена во Кавадарци
Партиската дискриминација е нај доминантна во земјава, а по неа следи дискриминацијата по етничка припадност. Ова меѓу другото беше истакнато на денешната дебата околу националната стратегија за концептот едно општество во Кавадарци. Стратегијата беше претставена пред претставници на граѓанскиот сектор.
Целта на стратегијата е преку дијалог да се создаде општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува еднаков. Овој документ нуди и насоки за напуштање на поделбите по политичка припадност на наши и ваши.
„Националната стратегија е првата сеопфатно владина меѓу ресорска стратегија која треба да направи промена во нашето општество. Она што го констатираа сите извештаи на сите релевантни меѓународни институции, а она и ние што го знаеме и секојдневно го доживуваме, дури и славењето на величествената победата на Вардар синоќа е дека сме поделено општество по сите линии, партиски, етнички, по основа род. Оваа стратегија во седум области, медиуми, култура, млади, социјална кохезиоја, пред се во образованието и во правната рамка на државата, се обидува да ја подобри таа ситуација и да предложи мерки со кои ќе се намалат тензиите, да се намалат поделбите“ рече, националниот координатор за развој на културата и меѓу ресорската соработка, Роберт Алаџозовски.
За концептот еднакво општество за сите дебатираа државниот секретар во МТСП, Јована Тренчевска, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џаферовски, Александар Кржаловски од МЦМС и Љупчо Бубо Каров – медиумски работник.
Сите беа едногласни дека мора да се напуштат стереотипите, секој да даде свој придонес во јакнење на праведно и општество каде нема да има дискриминација по било кој основ.
„Со реформата во социјалната сфера се дава поддршка на секое дете, но и на постарите. Социјалната правда е основата на секое здраво општество“ нагласи државниот секратар во МТСП./А.Д