Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

jancev1„Секоја професија има свои уникатни вредности кои и даваат белег и исклучителност во нејзиното извршување. Да им се помага на другите луѓе е доблест која некои во исто време ја имаат и како привилегија  да биде и нивна професија“ вака го започнува своето писмено обраќање како јавна благодарност до сите институции градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, по сообраќајката во која беше повреден неговиот син.

„Почитуван Претседател на Владата на Република Северна Македонија г-дин Зоран Заев, голема благодарност за Вашата работа и залагање во делот на здравството во нашата земја. Организираноста и функционирањето се заслуга на Вашето успешно менаџирање.

Голема е посветеноста на Министерот за здравство г-дин Венко Филипче во постигнувањето на создавање на модерно и функционално здравство со кое ние граѓаните се чувствуваме сигурни. Во оние тешки моменти кога се соочуваме со некој здравствен проблем и кога имаме потреба од брза интервенција, успешното работење значи спасување на нечиј живот.

Почитуван Министер г-дин Оливер спасовски, почитувани вработени во Министерството за внатрешни работи, ПС ОН Кавадарци, ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување ( КАРИЛ), Клиника за детска хирургија и Ургентен центар при клинички центар “Мајка Тереза“, од се срце Ви се заблагодарувам за Вашата тимска работа и за подготвеноста да реагирате во критичните моменти. Голема благодарност за Вашата посветеност и професионалност. Вашата жртвуваност за нечиј живот понекогаш ве држи далеку од Вашите семејства, но бидете сигурни дека некој ќе Ви биде благодарен до крајот на својот живот затоа што поради Вас останал да биде дел од своето семејство. Вашата професионалност само покажува дека чекориме напред кон светските стандарди на модерното и напредно здравство“ се вели во јавната благодарност од градоначалникот на Кавадарци.

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 26/07/2019 година.