Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

oruzje1Во печката на „Еуроникел индустри“ денеска изгореа 600 парчиња оружје и 400 килограми дрога кои биле запленети во изминатиот период. Акцијата ја реализираа МВР, Агенцијата за управување на одземен имот и кавадаречката компанија каде се изврши уништувањето, а по повод 9 јули, меѓународниот ден за уништување на оружјето.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,  кој го следеше уништувањето нагласи дека МВР бележи зголемена ефикасност во откривањето на нелегалното поседување оружје и во трговијата со наркотични средства.

„Мора да истакнам дека трендот се зголемува во ефикасноста на македонската полиција во откривањето на нелегалното поседување оружје меѓутоа и со откривањето на  трговија со наркотичните средства.  2018 година имаме зголемување на ефикасноста на македонската полиција за 43% во делот на откривањето на наркотични средства или тоа е најдобар учинок во последните 10 години. Со несмалено темпо  продолжуваме сите заедно и во делот на организиран криминал и во секторите за внатрешни работи. Тој тренд продолжува и се зголемува .“ изјави Спасовски.

Тој се заблагодари на раководството на „Еуро никел“ за соработката во делот на спречување, сузбивање или уништување на наркотичните средства и оружјето, како што додаде, бидејќи тие претставуваат едни од најсериозните ризици и предизвици за граѓаните не само на земјава, туку и на регионално и глобално ниво.

Директоорт на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани рече дека после првото уништување на дрога во 2015 наредното било спроведено минатата година, а сега после 6 месеци се врши и второ уништување.

„Еуроникел“ располага со просторни и оперативни капацитети кои што се единствени од овој вид во земјава и преку отстапувањето на истите за потребите на државните органи ја потврдуваме својата функција и во доменот  на одговорноста кон институциите и процесите што се од јавен интерес“ рече директорот на компанијата Герасим Кујунџиев./А.Д

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново