Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

66647554 767434260339592 3629781800785543168 nЗдравко Чолиќ и Јелена Розга се главните ѕвезди на годинашнава стопанско туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“ што ќе се одржува од 6 до 8 септември во Кавадарци. Во чест на грозјето и виното ќе се испишува нова приказна под отворено небо. Организаторот денеска ја објави официјална програма, од каде може да се види дека „Гроздоберот“ годинава нуди содржини за сите возрасти.

Свеченото отворање  на манифестацијата е на 6 септември од 12 часот на главната сцена која ќе биде поставена на градскиот плоштад, по што ќе започне дегустација и презентација на вина.

И годинава ќе се одржи трка на келнери. Во малото паркче кај полицијата ќе можат да уживаат љубителите на староградската музика. Овде настап ќе имаат трио Мањифико и Марјан Коцев со „Галакси бенд“.

На првиот ден од гроздоберот ќе биде отворена изложба на фотографии во музеј галеријата, а во спортската сала „Јасмин“ ќе се одржи турнирот во кошарка „Сестри Китеви“.

Во вечерните часови на градскиот плоштад ќе се случува забава за младите со настапот на „Таско“, „2 Бона“ и Тони Зен.

Вториот ден од Гроздоберот ќе започне со изложба на олд тајмери на градскиот плоштад, по што ќе следи традиционалното мото рели. Во малото паркче ќе се одржи традиционалната таблијада.

По повод денот на ослободувањето на Кавадарци, 7 ми септември, кавадаречкиот совет ќе одржи свечена седница, а потоа ќе следуваат настапите на Наташа Малинкова и Јелена Розга. По нив, до 5 часот наутро ќе настапат неколку ди-џеи.

Традиционалниот голем карневал ќе се одржи на 8 септември од 12 часот. Вечерта е настапот на легендарниот Здравко Чолиќ по што ќе следи спектакуларен огномет и затворање на годинашната манифестација.

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.