Високи претставници на САД на средба со градоначалникот Јанчев
Објавено на 25 јули, 2019 во 14:12
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев денеска во својот кабинет ги прими вршителот на должноста помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер и амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз .
Не се познати детали од текот на разговорите бидејќи немаше изјави за медиумите.
По средбата од кабинетот на градоначалникот доставија кратко соопштение во кое се нагласува дека честа да се биде домаќин на високи политички претставници како што е Рикер е огромна и од големо значење за Општина Кавадарци./А.Д