Со сол против последиците од високите температури во Кавадарци
Објавено на 26 јули, 2019 во 13:33
Општина Кавадарци ги следи европските принципи на работење во справувањето со последиците од високите температури.
Денеска Јавното преторијатие „Комуналец“ и надлежните од општината за прв пат спроведоа акција за посипување со индустриска сол на прегреаниот асфалт на две кавадаречки сообраќајници.
Сол беше расфрлана на Обиколницата „Северен булевар“ како и на новиот дел од „Западен булевар“.
Овај метод се покажал како ефикасен за разладување и намалување на температурата на жешкиот асфалт. Технологијата се базира на принципот според кој солта ја одзема влагата од воздухот и ја привлекува кон асфалтираните површини, а со тоа се разладуваат патиштата и се спречува пукање на асфалтот и создавање нерамнини.