Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

panovkavadarciПолицијата денеска извршила претрес во домот на поранешниот градоначалник на Кавадарци, Александар Панов и одзеле неколку папки со монети. Тој бил на разговор во полиција, но не е уапсен како што објавија некои медиуми.

„Станува збор за модерна нумизматика. Пријавата најверојатнмо е злонамерна со тенденција да ми се наштети. Во збирките нема стари монети. Инаку збирката ја собирам од дете речиси 40 години. Неколку папки со монети се одземени и однесени во полицијата на вештачење“ ни изјави во телефоснски разговор Панов.

Смета дека не станува збор за политичка пресметка, туку дека пријавата била лична.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски не одговараше на нашите повици за да ја добиеме и информацијата од МВР/А.Д

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново