Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

berbaЌе се знае ли откупната цена за винското грозје? Лозарите нестрпливо чекаат да ја дознаат цената по која ќе им се купува годинашниот род. Во моментов, зад затворени врати се одржува состанок на кој најверојатно ќе се утврдува цената. На состанокот се присутни министерот за земјоделство, претставници на лозарите и градоначалници.

„Неофицијално се говори дека визбите сакале да откупат помалку грозје, за да кажат дека има вишок на грозје и на тој начин да ја срушат цената. Многу добро знаеме каков ќе биде состанокот заедно со винарските визби. Имаме искуство од минатата година кога винариите дојдоа на состанок со однапред одржан состанок меѓу нив, со однапред договорени цени. Зборуваа за пазарно стопанство, како цената ја формира конкуренцијата на пазарот, а тие настапуваа монополистички како еден монопол на нашиот пазар. На состанокот на кој се расправа за цената на винското грозје немаше ниту еден трговец со винско грозје или винарска визба од соседството или ЕУ, за да го разбие договорениот монопол. Кај нас ланските цени на винско грозје беа многукратно пониски од соседните држави, а да не збориме од ЕУ“ велат од здружението „Напредни лозари“ чии претставници ќе присуствуваат на денешниот состанок.

Лозарите обвинуваат дека винарските визби се богателе на нивна сметка, а ги направиле и робови на сопствените плантажи кои со пот се подигани.

„Ако сакаш да го продадеш лозовиот насад во кој е многу инвестирано,  никој нема да се јави за да го купи, значи не вреди ништо. Помладите лозари ги оставаат своите лозови насади и одат во ЕУ на туѓи плантажи да одгледуваат лозја, а кај нас остануваат нивните стари родители и ги работат од мака да не пропадне лозовиот насад, во кој целиот свој живот инвестирале и работеле. Сега не можеш  да видиш млади луѓе да работат во лозјата.  Капиталот на винарските визби добива на цена, винариите се богатат и купуваат имоти низ ЕУ.   Ние лозарите не сме против винариите да се шират и работат профитабилно, само сме против тоа што нас не прават робови на сопствениот имот- коментираат од „Напредни лозари“.

     За да се надмине ваквата безизлезна  состојба на лозарите, сметаат,  треба да не се дозволува монопол на мал пазар на винариите. 

Од лозарското здружение тврдат дека достоинствена цена која ќе ги покрие трошоците и вложената мака за производство е доколку за најевтиното грозје по килограм се платат по 25 денари. Тие бараат поддршка и од сите градоначалници на тиквешките општини./А.Д

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново