Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

grozje berba3233Во петок, на градскиот плоштад во Кавадарци лозаро производителите  ќе го искажат својот револт од ниските откупни цени на грозјето. Бараат повисоки цени од тие што им ги понудиле визбите на состаноците. Обвинуваат дека само во Македонија визбите остваруваат екстра профит на штета на лозарите. Цените на грозјето насекаде во регионот, па и во Европа биле неколку кратно повисоки.

„Да не забораваме дека владата пушти 1,5 милиони евра за стари долгови од визбите., Со тие субвенции преживуваме. Ако не се тие,  ние  сме во тотален хаос. Треба ли ние како земјоделци да заработиме или да го сработиме грозјето и да им го дадеме за бадијала на визбите. Ако набереш 2 тона од декар тоа е грозје со 10 малигани. Кој ќе ни го го купи?  Од еден декар 1 тон по 11 денари, ќе добиеш едвај 500 евра. За да го набериш тоа грозје потребни се 5 аргати. Тие ги плаќаме по 1200 денари. Потребни се пари за ѓубре, за водарина, за средства за заштита. Па пресметајте сами колку чини килограм грозје“ – вели Трајче Кулев, претседател на „Напредни лозари“.

Лозарите на денешната прес конференција посочија дека цените што ги понудиле визбите годинава биле вешта манипулација  преку шеќерните единици. Со тоа грозјето се плаќало поевтино споредено со лани и за 3 денари по килограм. Лани за сортата шардоне визбите  плаќале 19 денари за 20 шеќерни единици, а годинава за истиот квалитет 3 денари помалку.

Бараат итна реакција од државата.

„Владата да преземе итни мерки за отворање на границите и овозможување без царински извоз на грозје. Цената на грозјето да се формира од страна на ценовен одбор и да биде одредена производна цена на килограм грозје. Ги прифаќаме сите понуди на цените на домашните откупувачи доколку владата изврши субвенционирање на вените до постигнување на откупни цени со кои барем малку би се покриле трошоците за производство“ вели Ѓорѓи Мешков од „Напредни лозари“.

Производите на грозје на прес конференцијата нагласија дека немале што да изгубат. И по цена да згасне лозарската приказна во Тиквешијата и пошироко во винските региони во Македонија грозје бесплатно нема да им даваат на визбите./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Општина Велес ја известува јавноста дека, започнувајќи од понеделник, 24 февруари 2020 година, Друштвото за производство, промет и услуги „Стентон Градба” ДОО с. Долно Оризари – Битола, врз основа на склучен Договор со Јавно претпријатие за државни патишта, ќе започне со изведба на градежни активности на местото викано „Цуцка”, во близина на манастирите Св. Ана и Св Димитрија.

За време на градежните работи за санација на свлечиштето (одронот) на регионалниот пат Велес – Градско (транзитен дел низ Велес), сообраќајот ќе биде времено изменет.

Општина Велес апелира до учесниците во сообраќајот, како и до сите жители кои гравитираат кон овој дел од градот, за внимателно управување со моторните возила и движење на пешаците и почитување на поставената вертикална сигнализација (сообраќајни знаци и дополнителни информативни табли).

Со почит,

Општина Велес

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново