Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

dimkovskiМинистерството за земјоделствто на состанок со лозарите дополнително ќе ја утврдува висината на интервентната мерка со која државата ќе ги поддржи производителите на грозје. Министерот Димковски денеска од Росоман најави дека во разговорите ќе се согледа и загубениот принос поради сушата.

„ Бербата е при крај. Знаете со какви се проблеми се соочувавме. Во последниот месец бевме интензивно во комуникација со лозарите. Крајна оценка ќе дадеме со завршување на бербата. Бербата на црните сорти е при крај, смедеревка се бере, останува уште станушина. Се очекуваше вишок на грозје, но сушата си го направи своето. Ќе биде собрано сето грозје што ќе биде понудено. Годинава ќе се интервенира повторно интервентно. Овие денови ќе седнеме со лозарите. Рековме мерката ќе ја дизајнираме според потребите. Имаше доста предели со суша. Приносите се намалени за 20-30%. Ќе го имаме во предвид и тоа и во разговороите ќе го направиме тоа што е најдобро за лозарите“ изјави Димковски.

 Тој апелираше земјоделците да влегуваат во договорни обврски со самите винарии, за да се планира производството, а со самото тоа да се разговара и за квалитет.

Министерот Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Николче Бабовски, беа во посета на винарија во Росоман, која инсталира опрема со поддршка од ИПАРД програмата. Повратени се 16,8 милиони денари, половина од инвестицијата.

„И компаниите и државата навистина знаеме како треба да се искоритстат евроспките фондови односно се она што е на располагање за модернизација и осовременување на производството“ нагласи директорот на агенцијата за финансиска поддршка.

Ангел Данов

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново