Продолжува ревитализацијата на главните улици во Кавадарци
Општина Кавадарци продолжува со реализација на капиталниот проект МСИП, за ревитализација на главните улици, финансиран од Европската Унија и Светска банка.
Денеска ангажираната оператива започна со гребење на стариот асфалт на ул.„Мито Хаџи-Василев“. Со овој зафат општината ја подготвува улицата за асфалтирање со нов слој фин асфалт.
За време на изведувањето на работите на оваа улица е воведен нов времен режим на регулација на сообраќајот.
За таа цел се апелира до возачите и сите учесници во сообраќајот да се придржуваат и да ги почитуваат правилата и новиот времен режим на движење, како би помогнале за по ефикасно и поквалитетно завршување на работите.
Во рамки на овој проект, вчера се заврши со асфалтирањето на втората лента од булеварот „Цветан Димов“ на потегот од раскрсницата кај ООУ „Гоце Делчев“ до спојот со „Северен булевар“ кај Хотел „ФЕНИ“. За време на викендот беше асфалтирана првата лента од овој значаен булевар./A.Д