Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

79545327 2578083025749076 3815784250121125888 nОпштина Кавадарци денеска согласно важечката законска регулатива изврши обележување со известување за вршење на видео надзор на сите локации каде се поставени камерите во рамките на повикувачкиот центар.


Известувањето е јасно, поставено на видливо место и истакнато на начин што им овозможува на сите субјекти да се запознаат со вршење на видео надзорот.
Известувањето ги содржи следниве информации: Дека се врши видео надзор, За името односно називот на контролорот (одговорното лице) кое го врши надзорот, како и За начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде се чуваат снимките од системот за видео надзор.


На овој начин исполнувајќи ја законската обврска, општината ги информира граѓаните и учесниците во сообраќајот за постоењето на видео надзорот на градските улици. Видео надзорот го поставува исклучиво во функција на регулирање на сообраќајот, за заштита на зелени површини, за заштита на урбаната опрема, заштита на пешачки патеки, сообраќајни знаци, семафори, заштита од диви депонии и се што е пропишано во законот. Овој систем функционира во согласност со законите.

79127790 2578083005749078 7051026828927959040 n На седница на совет беше едногласно усвоен правилникот за начинот на вршење на видео надзор во кој е наведено дека лицата кои работат овде,  не смеат да носат со себе смарт телефон. Тоа е како една од низата мерки за безбедност на снимениот материјал и заштита на приватноста на граѓаните.

Градоначалникот Митко Јанчев вели дека со овие новини се подигнува и безбедноста на граѓаните. Согласно законските прописи, снимениот материјал може да се користи и за истраги при кривични дела. Кавадарци е прва општина после Скопје каде се воведува надзор на сообраќајниците во градот.

„Секаде каде што ќе снимаат камерите  има обележано дека има видео надзор. Ние сме единствен град надвор од Скопје кој го имплементира системот за безбедносни камери. Сите лица кои што работат таму подлежат на сертифиакт за безбедност. Влезот и излезот во тие простории е ограничен  со електронска брава“ објаснува градоначалникот Јанчев./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

 
   
   
   
   

Најново