Повредените двајца работници, од две компании, во Кавадарци пуштени на домашно лекување
Двајца работници од две кавадаречки фирми се здобија со тешки телесни повреди, вчера 24 декември. Педесет и две годишниот неготинец П.А бил пренесен во ЈЗУ Општа болница Кавадарци во 15 часот додека четириесет и две годишниот А.К вечерта во 21 часот.
Двајцата пациенти биле примени на хирушкото одделение во болницата. Ги примил и интервенирал др Дано Кулев, специјалист хирург. По укажаната лекарска помош работниците не се задржани на болничко лекување туку се пуштени на домашна нега.
Овие информации денеска ги соопштија здравствените работници на ЈЗУ Општа Болница Кавадарци и директорот др Диме Коцев.
Во полицискиот билтен не се наведени компаниите во кои работниците се здобиле со повредите. Од СВР Велес соопштија дека се работи на расчистување на двата случаи./У.Ј