Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

mostotНовиот мост на реката Луда Мара во Ваташа кој го градеше Агенцијата за државни патишта од денеска е во функција. Со него се добива поголема безбедност во сообрќајот, бидејќи досега чести беа сообраќајните незгоди на овој дел. Инвестицијата чини 500 илјади евра. Мостот е од големо значење за целата Тиквешија, бидејќи ги поврзува селата од под кожувјето каде има повеќе стопански субјекти.

Општината со свои средства работеше на инфраструктурно уредување на мостот.

Директорот на Агенцијата за државни патишта, Зоран Китанов нагласи дека ова е прв нов мост кој е изграден во државата после 30 години.

„Кога прашав минатиот пат, ми рекоа жителите дека не знаат колку коли имаат извадено од реката, поради небезбедниот мост. Еве го новиот мост завршен, направен по сите правила и прописи. Благодарност до општината и градоначалникот што инфраструктурно не следеа за сликата да биде уште подобра, а граѓаните позадоволни.“ вели Китанов и нагласи дека во Тиквешијата е завршена реконструкцијата на два моста на реката Вардар и се пуштени во функција.

„Ова е долго очекуван и посакуван проект за општина Кавадарци и селото Ваташа. Стариот мост беше во катастрофална состојба и во лоша позиција поставен. Според анализите, годишно над 10 до 15 сообраќајки нњекогаш и со посериозни последици. На барање на општината успеавме да изготвиме заедничко решение со владата и Агенцијата за патишта. На овој дел се движат тешки возила од македонски шуми и стопанските субјекти кои гравитираат кон Кожув“ вели градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Тој нагласи дека инвестицијата е на прво место и овој мост ќе биде од големо значење и по отворањето на граничниот премин кон Грција, Пуљевац./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново