Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

b1За една година постоење банката за храна во Кавадарци обезбедила 30 тони храна која е поделена на социјално загрозените семејства кои се евидентирани во центарот за социјални работи.

 Донирани се над 800 пакети со прехранбени производи на социјално загрозените семејства од Кавадарци.  Денеска на одбележувањето една година постоење беа доделени  благодарници за поддршката на градоначалникот, Митко Јанчев, советот на општината, на  компанијата „Кожувчанка“ и на Центарот за социјални работи,  кои активно се вклучени од самиот почеток на проектот.

„Горди сме на тоа што баш во Кавадарци имаме банка за храна која работи во склоп на банката за храна на Македонија и се надеваме дека во иднина ќе ги постигнеме сите европски нормативи кои ги налага федерацијата на  банки за храна  во Европа. Можеме да истакнеме дека самото наше постоење во Кавадарци вроди со голем плод. Самиот темел беше што е можно повеќе од храната што се фрла да ја спасиме. Минатата година спасивме над 15 тони храна која е исправна за јадење, а можеше да заврши на депонија“ вели Роберто Паризов волонтер во кавадаречката банка за храна, претседател на „Еко живот“.

Директорот  на банката за храна на Македонија, Душко Христов,  нагласи дека волонтерите од Кавадарци собрале над 30 тони храна и истата ја донирале на социјално загрозените семејства.

„Банките за храна ширум Европа се справуваме со последиците од сиромаштијата. Гладни и сиромашни имало има и ќе има. Ние сме тука да го ублажиме тоа преку собирање на вишокот на храна кај производствените капацитети и  операторите на храна“ вели Христов.

Тој се надева дека бизнис секторот и наредната година ќе ја поддржува банката за храна во Кавадарци, за да им се помага на луѓето кои неможат да си обезбедат квалитетен оброк.

Прехранбени пакети на социјално загрозените семејства ќе им бидат доделени и за претстојните новогодишни празници./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново