Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

grozdje spoljaЗдружението „Напредни лозари“ од Кавадарци упати писмо до МЗШВ. Ги опишуваат катастрофалните состојби во лозарството и бараат помош од министерот Димковски и неговиот заменик Трипуновски.

 

Бараат винарските визби  да потпишат договори најдоцна до Свети Трифун во кои ќе биде утврдена и откупната цена. Во писмото исто така се бара, редовна исплата на грозјето согласно закон. Визбите кои нема да склучат договори до празникот, да не смеат да откупуваат грозје и да им се одземе лиценцата за тековната година, а на тие што ќе склучат договори да им се забрани откуп на поголеми количини од договореното.

Здружението „Напредни лозари“ овие барања ги достави во писмо упатено до министерот за земјоделство Трајан Димковски и неговиот заменик, Цветан Трипуновски.

„Нашите барања се многу јасни уште од минатото. Да има една гарантирана цена за откуп и да знаеме што ќе правиме со лозарството. Предвреме да се склучат договори за  Да знаеме како да ги кроиме лозјата, дали да ги пуштаме да раѓаат или да ги оставиме. Сега се двајца министри  од двете политички партии и бараме да ни излезат во пресрет на решавање на  нашиот децениски проблем“ вели претседателот на „Напредни лозари“, Трајче Кулев.

Од Здружението бараат за сите регистрирани индивидуални земјоделци, субвенциите да се зголемат за сто проценти, а со зелена нафта да им се покрие целокупното производство. Сметаат дека во зависност од добиениот одговор на нивното писмо, многу лозари ќе одлучат како ќе гласаат на изборите во април.

„ Мора да се изнајде решение,  бидејќи лозарите се во ситуација да не може да егзистираат со овие досегашни цени. Ако нема договор и подобри цени принудени сме да го оставиме лозарството“ дециден е Кулев.

 Цената на винското грозје во Европа е повеќекратно поголема од цената по која се откупува винското грозје на нашиот пазар. Цената на винското грозје кај нас е пониска за повеќе од двојно и од соседството Србија, Албанија, Црна Гора кои не се членки на ЕУ.

Ангел Данов

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново